Управувајте со податоците на вашиот паметен телефон

за поголема заштита на приватноста на интернет

Преземете го и отпечатете го упатството овде. Споделете го вашето искуство од користењето на Упатството за детоксикација од податоци, одржувајте контакт, или пак инспирирајте се за активности со порака до Сафа на datadetox@tacticaltech.org!

Доколку си поставите прашање што кажуваат вашите податоци за вас, можеби тоа не изгледа како нешто страшно: кому му е од интерес дали сакате кантри музика, дали сакате да купувате повеќе чевли отколку што ви е потребно или, пак, го планирате следниот одмор една година однапред?

Проблемот е во тоа што се случува со вашите податоци. Со текот на времето се креираат интимни дигитални обрасци: вашите навики, движења, врски, вкусови, ставови и тајни им се откриваат на оние што ги анализираат и профитираат од нив, како бизнисите и посредниците за податоци.

Следејќи го ова Упатство за детоксикација од податоци, ќе дознаете како и зошто се случува сево ова, како и кои конкретни чекори да ги преземете за да ги контролирате трагите што ги оставате на интернет.

Да започнеме!


1. Променете го името на вашиот уред

Веројатно во некој момент сте му дале име на вашиот уред за безжично поврзување (Wi-Fi), или преку блутут (Bluetooth), или можеби името автоматски се генерирало при нагодувањата.

Значи, „телефонот на Алекс Чунг“ (Alex Chung’s Phone) е она што е видливо за сопственикот на мрежата на која сте безжично поврзани или, доколку ви е вклучена опцијата за блутут, за сите кои во околината ја имаат вклучено оваа опција.

Сигурно не би влегле во кафе-бар, ресторан или аеродром и на глас да го кажете сопственото име; според тоа, не би требало тоа да го прави ни вашиот телефон.

Може да го промените името на вашиот телефон во нешто помалку лично, но сепак уникатно за вас. Еве како:

Андроид:

  • Променете име на мрежата за безжично поврзување:
    • Нагодувања
    • Безжично поврзување
    • лого Мени →
    • Напредно / Повеќе можности
    • Wi-Fi Direct
    • Преименувај го уредот
  • Промена на името за блутут поврзување:
    • Нагодувања
    • Блутут
    • Вклучете блутут доколку е исклучен →
    • лого Мени →
    • Преименувај го уредот
    • Исклучи блутут

 

iPhone:

  • Промена на име на телефон:
    • Нагодувања
    • Општи нагодувања
    • За уредот
    • Променете го името

Сакате повеќе совети за да ја подобрите приватноста на Вашиот телефон? Научете како да му дадете нов почеток на вашиот уред!


2. Избришете ги трагите за вашите локации

Иако можеби се чини дека податоците за вашите локации се само неповрзани информации, доколку се погледнат заедно, можат да откријат многу важни детали за вас и вашите навики, на пример каде живеете, каде работите и каде сакате да се дружите со пријателите. Затоа и многу бизниси и посредници за податоци се исклучително заинтересирани за нив.

Да речеме дека е нормално вашата апликација за мапи да има пристап до вашата локација. Но, ќе се изненадите на колку многу апликации сте им дале дозвола за пристап до вашата локација.

Може да ги прегледате апликациите на кои сте им дале согласност да ја следат вашата локација и да ја исклучите таа опција. Побарајте ги апликациите што немаат потреба од користење на вашата локација за да работат (на пример: дали одредена игра мора навистина да знае каде сте?) и исклучете ја опцијата за сите апликации кои не сакате да имаат пристап до вашата локација:

Андроид:

  • Нагодувања
  • Апликации
  • Контролирајте го пристапот до локација во зависност од апликацијата

 

iPhone:

  • Нагодувања
  • Приватност
  • Услуги за локација
  • Контролирајте го пристапот до локација во зависност од апликацијата

Можете да ги исклучите податоците за локација на вашиот телефон секогаш кога не ги користите активно. На тој начин и батеријата ќе трае подолго – еве ви бонус! Можете повторно да ја вклучите опцијата за локација кога ќе треба да ја користите апликацијата за мапи или временска прогноза, на пример.

Gif showing location services being turned off

Нагодувања:

  • Апликации
  • Безбедност и локација / Локација
  • Исклучи локација

 

iPhone:

  • Нагодувања
  • Приватност
  • Локациски сервиси
  • Исклучи

Повеќе совети како да ги исклучите сервисите за локации за Гугл мапи и други профили на Гугл, може да најдете во написот „Прочистете го вашиот живот од Гугл“.


3. Следете ги вашите апликации

Апликациите на социјалните мрежи, игри и апликации за временска прогноза се заинтересирани за вашите податоци … и може да собираат многу од нив.

Бришењето на тие случајни апликации што никогаш не ги користите е моќен начин за прочистување на вашата дигитална личност, вашето дигитално „јас“.

Дополнително, расчистувањето може да ослободи простор на вашиот телефон, да ја намали употребата на податоците и да го продолжи времетраењето на батеријата.

Андроид:

  • Нагодувања
  • Апликации
  • Изберете ја апликацијата којашто сакате да ја деинсталирате→
  • Деинсталирај

 

iPhone:

  • Изберете една апликација додека не почнат сите да се движат и на горниот лев агол на секоја апликација ќе се појават крвчиња.
  • За да ја избришете апликацијата, допрете го крвчето на таа апликација.
  • За да се вратите во нормална состојба, изберете го копчето за главното мени..

Доколку сте платиле да користите некоја услуга, осигурете се дека ќе немате потенцијални трошоци во иднина (за да не се изненадите од сметката). Чекорите за да го потврдите ова зависат од тоа каква услуга користите, така што, проверете го делот со Често поставувани прашања на веб-страницата на фирмата, или пак јавете се во службата за корисници за да добиете насоки.

Расчистувањето на вашите апликации може значително да влијае на количината на податоци што ја оставате, а тоа може да влијае на количината на податоци што компаниите ги собираат и користат за да направат претпоставки за вашите преференции. За многу апликации постои алтернатива со слична функција, но не ги собира или продава вашите податоци на трети страни.

Повеќе препораки можете да ги најдете во Центарот за алтернативни апликации/Alternative App Centre.

Доколку ви е комплицирано да ги замените алатките што ги користите, почнете со една до две. За почеток, погледнете го прелистувачот: можете ли да го замените со Фајрфокс (Firefox), Кромиум (Chromium) или некоја со услуга што нуди поголема приватност?

Дали сакате повеќе совети за средување на вашите апликации? Пробајте чистење на вашиот телефон, со апликација за чистење!


4. Намалете ги трагите што ги оставате

Прелистувачот за интернет на вашиот телефон чува многу податоци за вас – вашата локација, што пребарувате, кои веб-страници ги користите – и може да ги издава тие податоци.

Со неколку мали промени можете да ја одржите контролата над вашите податоци.

Телефоните, таблетите и компјутерите имаат однапред инсталирани прелистувачи на кои вашата приватност не им е приоритет. Наместо тоа, може да преземете и да користите прелистувач што веќе им дава поголема приватност на вашите активности на интернет и ве заштитува од програми за следење.

За дополнително зајакнување на приватноста, може да инсталирате и додатоци (add-ons) и екстензии (extensions) (ова се мини програми што се лесни за инсталирање и може да ви помогнат активностите на интернет да ви бидат позаштитени).

Со цел да ги блокирате шпионските огласи и невидливите програми за следење,, инсталирајте uBlock Origin (за Chrome, Safari, и Firefox) или Privacy Badger (за Chrome, Firefox, и Opera).

Со цел да се осигурите дека вашиот пристап до веб-страниците е безбеден, инсталирајте HTTPS Everywhere: екстензија за прелистувач за да сте сигурни дека вашата комуникација на различни интернет- страници е енкриптирана и заштитена при поврзувањето. Доколку користите Safari и сакате да ја користите оваа опција, тогаш за ваш главен пребарувач изберете продукт што не е на Google, како на пример DuckDuckGo, што автоматски ви овозможува енкриптирано пребарување.

Фајрфокс (Firefox) нуди многу начини за зајакнување на вашиот прелистувач. Проверете на addons.mozilla.org за повеќе, но не претерувајте. Исто како што сакате да избегнете инсталирање на многу апликации, не инсталирајте и премногу додатоци. Истражете ги додатоците што сакате да ги инсталирате, за да сте сигурни дека се изработени од веродостојни креатори.

Барате повеќе начини за да го зајакнете прелистувачот? бидете се целосно да го зајакнете вашиот прелистувач!


5. Отстранете ги означувањата

Дали во минатото сте придонесувале кон собирањето податоци за вашите пријатели означувајќи ги во фотографии и објави?

Редуцирајте ги достапните податоци на интернет за вашите пријатели со отстранување на ознаките за нив во што е можно повеќе фотографии и објави.

Пренесете ја пораката! Поттикнете ги вашите пријатели, семејство и соработници да ви се приклучат во оваа мисија за контролирање на споделените податоци. Ако ги здружиме силите во контрола на трагите од податоци, ќе си помогнеме едни на други во процесот на „детоксикација“.

Доколку овие совети ви помогнаа, зошто не се обидете и со „Прочистете го вашиот живот од Гугл“ или „Обновете го вашиот профил на социјалните мрежи“? Или, ако само сакате помалку да го користите вашиот паметен телефон, разгледајте го написот „Паметни навики за паметни телефони“.

Последно ажурирање: 11/24/2022