Информации за Упатството за детоксикација од податоци
Упатството за детоксикација од податоци нуди јасни предлози и конкретни чекори коишто им овозможуваат на луѓето да ги искористат придобивките од своето онлајн присуство, да донесат информирани одлуки и да ги променат дигиталните навики на начин којшто им одговара.
Упатството се користи во организации, училници и библиотеки ширум светот, претставено е во над 100 медиуми, вклучително и Вог), Би-Би-Си, и Форбс, а од поставувањето на „Стаклената соба“ во Нью-Йорк во 2016 година, Упатството за детоксикација од податоци продолжува да се шири и развива. Побарајте нови содржини или проверете ја веб-страницата на Тактикал Тек за да дознаете повеќе за нашите нови изданија.
Во 2020 година, Упатството за детоксикација од податоци доби признание за Светол пример во технологијата/Tech Spotlight од страна на Белфер Центарот на Кенеди школата при Харвард, како технолошка иновација што цели кон поинклузивна, фер и побезбедна иднина.
Печатење и достапност
Печатената верзија на Упатството за детоксикација од податоци ја локализиравме на повеќе јазици низ светот.
Доколку сакате да побарате копија во ПДФ (PDF) формат, испратете порака на Сафа на datadetox@tacticaltech.org, наведувајќи го јазикот на кој ви е потребна, како и вашата идеја како и каде би сакале да го искористите.
Доколку сте заинтересирани за преведување, адаптација, лектура или придонес со нови содржини или идеи, контактирајте ја Сафа на datadetox@tacticaltech.org!
Информации за Тактикал Тек (Tactical Tech)
Тактикал Тек (Tactical Tech) е меѓународна непрофитна организација којашто работи интердисциплинарно во областите на технологија, човекови права и граѓански слободи. Спроведуваме обуки, истражувања и создаваме културни интервенции што придонесуваат кон пошироката општествено-политичка дебата за дигиталната безбедност, приватност и етика на податоците.
tacticaltech.org
@info_activism
facebook.com/tactical.tech
email: ttc@tacticaltech.org
За издавачот и дозвола за користење
Концепт и содржина: Тактикал Тек (Tactical Tech)
Дизајн: Корина Хингелбаум и Јоргос Багакис
Илустрации: Алесандро Крипста
Превод и адаптација: Македонски институт за медиуми
Издавањето на Упатството за детоксикација од податоци е овозможено со поддршка на
и останатите поддржувачи на Тактикал Тек (Tactical Tech).Поддржувач на основањето (2017-2020) Фондација Мозила
CC BY-NC-ND 4.0 Упатството за детоксикација од податоци е лиценцирано согласно Криејтив комонс лиценцата за користење со наведување извор, за некомерцијални цели, без адаптирање на делото Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0 International license.
Политика за користење на податоци
Посетете го овој линк за да ја прочитате Политиката за користење на податоци Data Use Policy.