Совети за избегнување на погрешните информации на интернет

Преземете го и отпечатете го водичот овде. Споделете го вашето искуство од користењето на Упатството за детоксикација од податоци, одржувајте контакт, или пак инспирирајте се за активности со порака до Сафа на datadetox@tacticaltech.org!

Апликациите, интернет-страниците и онлајн медиумите може да се неопходни за пристап до вести, совети за подобар живот и забава. Но, меѓу мноштвото содржини, може да ви биде тешко да се снајдете и да дојдете до она што ви треба.

Кога ќе наидете на некое видео, слика или напис онлајн некогаш дури може и да ви биде тешко да ја утврдите разликата меѓу фактите и фикцијата. Од тестови на личноста кои се обидуваат да ве профилираат, до шокантни наслови и изменети фотографии и видеа што може да ве убедат во целосно различна реалност - она што го гледате на интернет не е секогаш она што се чини.

Пристапот до толкаво мноштво на информации може да биде и среќа и несреќа. Проблемот се јавува кога нештата не се јасно означени или се наведувачки, и тешко ви е да увидите што е што. Не зборуваме само за погрешни информации, таканаречените „лажни вести,“ или политички реклами... дури и некоја забавна апликација за филтер на фотографии може да не е дизајнирана за причините за коишто мислите дека е. Најдобрата одбрана е да поставувате критички прашања, за да научите да ја препознавате разликата помеѓу наивна пародија и измама, помеѓу содржина што намерно е наведувачка или само оскудно истражена, и да забележите предупредувачки знаци и неверодостојни извори.

Во ова Упатство за детоксикација од податоци ќе најдете теми и популарни зборови поврзани со погрешните информации, почнувајќи од тоа како да ја препознаете вашата одговорност, а завршувајќи со истражување на пошироката слика. Притоа, ќе добиете и совети како да се снајдете низ сето она што ве опкружува.

Да започнеме!


1. Разберете ја вашата моќ за бранување

Допаѓање, споделување, ретвит, повторна објава – сите овие активности опишуваат на кој начин комуницирате со она што го гледате на интернет – и вашите интеракции прават голема разлика. Кога доволен број на луѓе реагираат на некоја слика, видео-запис или објава, тие брзо се шират и, по дефиниција, стануваат „вирални“.

Застанете за момент и поставете си прашање: Какво е моето влијание на интернет? Кога последен пат сте виделе шокантен или смешен напис, наслов, видео или слика и веќе за неколку секунди сте им го испратиле на вашите пријатели?

Истражувачите утврдиле дека написите и сликите коишто најчесто стануваат вирални се оние кои што предизвикуваат страв, одвратност, зачуденост, бес или анксиозност. Доколку вакво нешто сторивте утрово, не чувствувајте се лошо!

Дали знаевте? Споделувањето може да биде како лавина. Доколку едно лице сподели напис со 10 свои пријатели, а секој од нив го сподели со 10 од нивните, за само неколку секунди написот го виделе над 100 лица. Потоа е многу тешко да се повлече или да се поправат грешки.

Важноста на споделувањето

Споделувањето е форма на учество. Кога споделувате нешто (што било), постои можност тоа што сте го презеле да стане вирално. На пример, доколку излезе дека некоја објава е лага, дали сакате вашето име и углед да се поврзани со неа? Пред да споделите некоја содржина, размислете дали ширите нешто невистинито, деструктивно или токсично.


2. Размислете уште еднаш пред да го направите тестот на личноста

Кога последен пат видовте квиз (дали текстуален или преку фотографија) со наслов како на пример::

  • Во која деценија од животот сте?
  • Кое е вашето духовно животно?
  • Кој негативец на Дизни сте?
  • Кој е вашиот совршен одмор?
  • Кој лик од „Игра на тронови“ сте?
  • ... списокот продолжува!

Иако постои можност овој забавен квиз да бил осмислен за едноставно да ви го привлече вниманието, истовремено постои можност прашањата да биле внимателно смислени со цел да соберат податоци и да направат категоризација на вашата личност, врз основа на таканаречениот психометриски модел. Најчесто употребуваното мерило за психолошко профилирање го мери вашиот карактер врз основа на 5 особини: искреност, совесност, екстровертност, љубезност и невротичност, во обид поефикасно да ве таргетираат вас или луѓето како вас.

Дали знаевте? Токму ваков тест на личноста им донесе проблеми на Фејсбук и Кембриџ Аналитика поради профилирање и таргетирање корисници без нивно знаење.

Вашите одговори на квиз како „Кој лик од Симпсонови си?“ заедно со другите навики што можеби ги следи вашиот прелистувач, апликација или поврзаните работи како картичките за лојалност, може да им дадат претстава на аналитичарите на податоци за тоа каква личност сте, за што се грижите и како да влијаат врз вас за да си купите пар чевли (на пример)... или да направат ваш профил за да утврдат како да влијаат врз вас при гласање за следните избори.

Чувајте повеќе тајни

Кога помислувате за лични податоци, можеби прво напамет ви паѓаат податоци за лозинки, матичен број, сметка во банка. Но, деталите за вас, како на пример што е она што ве плаши, што ве иритира и вашите амбиции, се исто така лични информации. Аналитичарите на податоци може да ги сметаат овие податоци како многу важни, утврдувајќи што е она што ве oпределува како личност. Добро размислете пред да дадете такви информации во некоја анкета или квиз.

Дознајте неколку совети за детоксикација на податоци во време на избори овде.


3. Не загризувајте на мамката

  • “Неверојатни трикови за убавина (број 5 ќе ве шокира!)”
  • “Неверојатно! Секој ден јадеше од ова и сега...”
  • “Маж против ајкула: ќе се изненадите што следува...”

Кога последен пат кликнавте на некој наслов или видео што звучеше вака? Можеби рекламирале една работа, но ве одвеле до содржина различна од тоа што сте очекувале? Можеби насловот звучел возбудлив но написот бил доста досаден. Излезе дека ниту сте биле шокирани ниту изненадени.

Затоа што сте биле намамени да кликнете на него.

„Кликбејт“ е термин што се користи за да се опишат сензационалистички, нечесни или измислени наслови што се користат со намера да се наведат луѓето да кликнат на насловот или на линкот. Колку повеќе внимание добива одреден напис, видео или слика, толку поголеми можности има за заработка. Ова значи дека креаторите на содржини имаат мотив да кажат што било само за да ве натераат да кликнете или да ги споделите нивните содржини.

Врз основа на профилот на личноста која за вас ја прават платформите што ги користите (како, на пример, Фејсбук и Инстаграм), може да добиете приспособени наслови создадени да ви предизвикаат емоции, со што ќе ве наведат да кликнете.

„Кликбејт“ најчесто се поврзува со погрешни информации, но тоа не мора да биде случај секогаш. Штом еднаш ќе научите да ги препознавате „кликбејт“ насловите, ќе почнете да ги забележувате и на Јутјуб, на блоговите и во таблоидите.

Проверете го изворот

Кога ќе налетате на „кликбејт“, не застанувајте кај насловот. Доколку изгледа како безбеден линк, кликнете на написот и дознајте кој е авторот, кога е објавено и на кои извори се повикува. Постои можност во самиот напис да има забелешка дека станува збор за платена содржина или реклама или, пак, е категоризиран како мислење. Ваквите детали ќе ви помогнат да утврдите дали вреди да го читате написот.


4. Внимавајте на лагите

„Дипфејкови“ се видеозаписи, аудиоисечоци или слики што се дигитално изменети, вообичаено за да се измени нечие лице или движење или за да се променат нивните зборови. Иако „дипфејкот“ е понов израз, тој постоел во друг облик подолго време (како што е фотографијата со [самовилите од Котингли] од 1917, https://en.wikipedia.org/wiki/Cottingley_Fairies) или во филмот Форест Гамп од 1994). Дури е и полесно да се креираат евтини „дипфејкови“ – наведувачки содржини за коишто не е потребна софистицирана технологија, туку може да се направат со вметнување погрешен наслов на фотографија или видео или со користење застарена содржина со цел да се илустрира настан од сегашноста.

Во 2019 година за време на катастрофалните пожари во Амазон во Бразил, славни личности и политичари како францускиот претседател Емануел Макрон споделуваа фотографии од уништени шуми... но, не од вистинските. Списанието Мадер Џонс(Mother Jones) утврди дека фотографиите кои беа најмногу вирални, не беа од шумските пожари во Бразил, туку беа од 1989 година.

Како може ова да се случи? Најчестото сценарио е дека изворот со најдобра намера, бил во брзање, не истражил доволно и објавил онлајн. Потоа, објавата како лавина, станала вирална, пред да може да се исправи грешката.

Може да изгледа невозможно вистински да се бориме против ваквите манипулации, но има нешто важно што може да го направите ...

Останете цврсто на нозе и истражувајте

Исто како кога се справувате со „кликбејт“ содржини, не прифаќајте ништо од прва. Доколку некое видео или фотографија ви изгледаат изненадувачки или неверојатни, земете го тоа предвид и размислете дали има нешто повеќе од она што е видливо на прв поглед. Доколку забележите дека една иста слика почесто се јавува во вашите вести или повеќепати е споделена со вас, сфатете го ова како можна причина да го проверите вистинскиот извор.

Тогаш треба да поставите повеќе прашања: кој го објавил (која интернет-страница, кој бил авторот)? Кога е објавена? Доколку е слика, направете хронолошко пребарување на пребарувачи за фотографии како што е Тинај и проверете каде сѐ може да ја најдете.

Проверете други веродостојни извори на вести пред да поверувате дека се вистинити и пред да ги споделите со вашите пријатели и семејство.


5. Барајте ја вистината на интернет

Терминот „лажни вести“ се користи за широк спектар од неточни или наведувачки информации, вклучително и сатира, слабо истражени или непроверени содржини, шеги и лаги. Лажните вести не се шират секогаш со лоша намера, но без разлика на причината поради која што се споделуваат, резултатот е речиси секогаш ист: лицата кои ја примаат информацијата веруваат дека нешто погрешно е всушност точно или дека се случило нешто што никогаш не се случило.

Во најдобар случај, може да е смешно меме. Во најлош случај, може да се неточни здравствени совети или лажни политички информации.

Дури и да вложите напор дополнително да истражите и да поставите критички прашања за написите што ги читате, може сепак да се збуните. Но знајте го ова: не сте сами!

Со сите сили

Само затоа што некоја интернет-страница не ги признава своите грешки, не значи дека не ги прави. Всушност, најверодостојни публикации се тие коишто се исклучително внимателни со вистината и вработуваат луѓе или цели оддели чијашто единствена работна обврска е да проверуваат факти.

Барајте извори што објавуваат исправки кога ќе згрешат. Дури и подобро е кога ажурираните информации се сумирани на почетокот на написот и се објавени на социјалните медиуми, па не мора дополнително да ги пребарувате.

Постојат и онлајн алатки што може да ви помогнат. PolitiFact и Snopes, се борат со погрешните информации преку вработување пишувачи, уредници и други лица кои ги проверуваат гласините и трачевите. Додатоците како NewsGuard, TrustedNews и Official Media Bias Fact Check Icon ги прикажуваат оцените, рангирањата и извештаите за секој информативен портал што го посетувате. Тие информации може да ги искористите за самите да одлучите што е вистинито.

Можете да размислите и сами да вршите проверки. Можете да го користите Упатството на Тактикал Тек The Kit за да ви помогне во проверката на веродостојноста.


6. Излезете од затворениот круг на информирање

Откако интернет-страниците и апликациите ќе ве профилираат според вашите интереси, може да се најдете во затворен круг на информирање/информациски меур. Ова се случува кога сервисот ви нуди повеќе содржини слични на оние кои веќе ги читате. Како на овој начин се ограничува или се менува нивото на нашата информираност?

Јутјуб (YouTube) е најочигледниот пример за платформа којашто препорачува содржини на основа на тоа што веќе гледате (исто така познато и како „алгоритамски избрана содржина“), но слични нагодувања можете да најдете на Нетфликс (Netflix), Спотифај, (Spotify), Инстаграм (Instagram), Твитер (Twitter), Фејсбук (Facebook) и Амазон (Amazon).

Затворениот круг на информирање/информацискиот меур може да доведе до тоа луѓето да гледаат сосема различни верзии на стории, наслови на вести, написи и реклами, како што е прикажано во интерактивниот напис Blue Feed, Red Feed.

Може да звучи добро да гледате само содржини кои се прилагодени за вас. Но, размислете за овој пример: како што Јутјуб поради вашиот интерес за видеа со дресура на кучиња, ќе ви препорачува слични видеа со кучиња, на истиот начин ќе продолжи на вашиот сосед да му нуди видеа со теории на заговор. Во најлош случај, информациските меури може да доведат до уште поголема поларизација на соседите, заедниците па и цели нации.

Дознајте дали сте во информациски меур! Седнете со пријател или некој од семејството и споредете кои теми прво ви се појавуваат на вашата апликација за вести или на новостите на вашите социјални медиуми? Дали сте изненадени од резултатите? Дали сте во исти или во различни информациски меури? Во секој случај, можете да им препорачате и тие да ги следат советите од ова Упатство за детоксикација од податоци!

Доколку знаете дека гледате содржина којашто алгоритамот избрал да ви ја прикаже на различните апликации и интернет-страници што ги користите, се поставува прашањето: како да излезете од тој затворен круг на информирање/информациски меур?

Променете ја насоката и измешајте гисвоите вести

A good way to burst your filter bubble is to subscribe to services that aggregate news and information from a variety of sources and with a diverse pool of perspectives. RSS feeds, forums, and mailing lists that exercise a broad range of opinions and themes may help you see outside of your bubble. Добар начин за да го прекинете информацискиот меур е да се претплатите на услуги што собираат вести и информации од различни извори со разновидни гледишта. RSS канали, форуми и листи за испраќање пошта коишто овозможуваат широк спектар на мислења и теми може да ви помогнат да излезете од затворениот круг на информирање.Global Voices и The Syllabus се одлични опции за почеток.

Добар начин да го пукнете информацискиот меур е да се претплатите на услуги што собираат вести од различни извори и со различни перспективи. РСС / RSS канали, форуми и листи за испраќање е-пошта, што вклучуваат широка палета на мислења и теми што може да ви помогне да погледнете надвор од вашиот информациски меур. Global Voices и The Syllabus се добри опции за почеток.

Доколку овие совети ви беа корисни, погледнете го и делот Напуштете ги фабричките нагодувања за да ја подобрите вашата дигитална добросостојба

Партнери на проектот: Save the Children and IFLA logos

Финансирано од Европската Унија: EU logo

Последно ажурирање: 11/24/2022